Издиша интересот за користени возила

Bez autora
Nov 21 2010

Интересот за увоз на користени возила продолжува и по 30 септември кога истече можноста за увоз на возила што го исполнуваат стандардот ЕУРО 1, но со помал интензитет од претходните месеци. Тој појасни дека показателите за октомври годинава покажуваат дека се царинети 1.530 користени возила. Тоа е околу трипати помалку од просекот во претходните месеци, но се' уште е на високо ниво во споредба со 2009 кога за цела година се царинети околу 3.000 користени возила. Од царинетите возила само 230 се од оние што сообраќаат во Македонија со странски регистарски таблички. Директорот на Царинската управа нагласи дека не може да каже дека има поголеми прекршувања на царинскиот закон, а луѓето, како што посочи, се обидуваат да си ги решат проблемите. Целата активност не е насочена кон санкционирање, туку, пред се', кон воведување ред и организација во целокупниот систем на привремен увоз на возила. На границите им се посочува на луѓето како да го регулираат престојот, односно вносот на возилата, со цел да се избегнат несаканите ситуации.

Издиша интересот за користени возилаИнтересот за увоз на користени возила продолжува и по 30 септември кога истече можноста за увоз на возила што го исполнуваат стандардот ЕУРО 1, но со помал интензитет од претходните месеци, информираше вчера директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов.

Тој појасни дека показателите за октомври годинава покажуваат дека се царинети 1.530 користени возила.

„Тоа е околу трипати помалку од просекот во претходните месеци, но се' уште е на високо ниво во споредба со 2009 кога за цела година се царинети околу 3.000 користени возила. Од царинетите возила само 230 се од оние што сообраќаат во Македонија со странски регистарски таблички“, рече Каргов.

Директорот на Царинската управа нагласи дека не може да каже дека има поголеми прекршувања на царинскиот закон, а луѓето, како што посочи, се обидуваат да си ги решат проблемите.

„Целата активност не е насочена кон санкционирање, туку, пред се', кон воведување ред и организација во целокупниот систем на привремен увоз на возила. На границите им се посочува на луѓето како да го регулираат престојот, односно вносот на возилата, со цел да се избегнат несаканите ситуации“, рече Каргов.

Тој не ја исклучи можноста од контроли во наредниот период дали има нецаринети возила што се возат во Македонија со странски регистарски таблички. Директорот на Царинската управа смета дека укинувањето на царините за увоз на повеќе стоки, меѓу кои и возила од Европската унија од 1 јануари идната година нема да предизвика големо поместување во цените на возилата. „И сега доколку се поседува документ за потекло, царинската стапка за увоз на возила од ЕУ е еден отсто, а од наредната година ќе биде нула. Од тоа се гледа дека намалувањето на царината нема да има некој поголем импакт врз цените“, рече Каргов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik